ФУДБАЛ

ВИДЕО: Лестер со Евро-гол во финишот се спаси од пораз на домашен терен

Лестер со Евро-гол во финишот се спаси од пораз против Вест Хем на домашен терен.

Лестер и Вест Хем ја затворија денешната програма во Премиер лигата со реми резултат од 1:1, иако гостите имаа водство до самиот финиш од 1:0.

Гостите преку Валбуена во 30. минута стигнаа до водство од 1:0.

Голманот на Вест Хем, Лукаш Фабијански до самиот финиш на натпреварот остана не совладан, но кога Вилфред Ндиди во 89. минута шутираше вистинска „бомба“ Фабијански беше совладан, а домаќините се спасиа од пораз.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига