Вечерва во Лисабон се игра второто полуфинале од Лигата на шампионите, помеѓу Олимпик Лион и Баерн Минхен.
Французите одлично го започнаа натпреварот, имаа неколку сериозни шанси но не постигнаа гол.
Мемфис Депај имаше одлична шанса во 4. минута но не успеа да ја затреси мрежата на Баерн, потоа Екамби во 17. минута не ја искористи шансата за водство на Лион.
Баерн во 18. минута го казни Лион и стигна до водство преку Серж Гнабри.
Лион по првиот примен гол го загуби темпото во играта, па Баерн во 33. минута повторно преку Грабри успеа да го зголеми водството.
До крајот на првото полувреме Лион се обидуваше да стигне до погодок но резултатот остана не променет.