Без Фабињо, Жота, Кеита, Мане, Матип, Ван Дајк, со многу проблеми, Ливерпул конечно со шампионски „шмек“. Славеше на гостувањето кај Вест Хем со 3:1. Салах постигна два гола, Вајналдум еден, а на спротивната страна гол постигна Досон. Со оваа победа Ливерпул го задржа чекорот со Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Вест Хем е на четвртото место и ова за нив е прв пораз во 2021 година. Последен пат загубија на гостувањето кај Челзи на 21 декември 2020-та година.