Ливерпул продолжува со лошите резултати. Се чини дека победата против Шефилд во минатото коло не донесе никакви позитивни работи. Синоќа на домашен терен се поразени од Челзи со 1:0. Ова е петти пораз на последните шест меча за актуелниот првак на Англија.
Од друга страна, пак, Челзи со Томас Тухел игра се подобро, тоа го покажа и синоќа, па со оваа победа собра 47 бодови и дојде до четвртата позиција на табелата.