ФУДБАЛ

ВИДЕО: Лудило меѓу навивачите на Рома поради Жозе Мурињо

Жозе Мурињо е новиот тренер на Рома.

Легендарниот португалски стручњак денес пристигна во Рим, каде наскоро ќе биде официјално претставен како нов тренер на Волчицата, а неговото доаѓање предизвика ентузијазам кај навивачите на овој тим.

Голем број фанови пристигнаа да го поздрават Специјалниот, од кого очекуваат огромни очекувања.

Жозе ги поздрави навивачите на неговиот нов клуб и ќе биде интересно да се види какви резултати ќе запише Рома под водство на славниот стручњак.

Долго време еден трофеј не стигнуваше до витрините на римскиот клуб, а последната радост беше во 2007 година кога беа освоени Купот на Италија и Суперкупот.

Рома ја чека титулата во Серија А 20 години, а во историјата овој римски клуб освои вкупно три.

Мурињо претходните години работеше за Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челзи, а покрај Интер ги водеше и Реал Мадрид, Порто и Бенфика.

 

ПОВРЗАНО

Серија А