ФУДБАЛ

ВИДЕО: Лудница пред стадионот Камп Ноу

Фановите на Барселона не можат да одат на трибините, но сепак се собраа пред стадионот.

Барселона моментално игра против ПСЖ во првиот натпревар од нокаут фазата во Лигата на шампионите, а навивачите се собраа да ги бодрат Лионел Меси и неговите соиграчи.

Тие го исполнија просторот пред стадионот во обележјата на нивниот сакан клуб неколку часа пред почетокот на натпреварот и не престануваат да пеат, а факелите нема да недостасуваат.