Салернитана се врати во Серија А по пауза од 22 години.
https://youtu.be/L1I_TgIJfew
Салернитана се враќа во елитата по 22 години, а интересно ќе биде да се види какви чекори ќе преземе Клаудио Лотито, бидејќи според правилата две екипи со ист сопственик не смеат да играат во иста лига.
Со денешната победа над Пескара (3-0) во последното коло од Серија Б, фудбалерите на Салернитана го потврдија второто место на табелата, а со тоа и пласманот во италијанската фудбалска елита заедно со првопласираниот Емполи.