Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон доживеа вистинска катастрофа во квалификациите за Големата награда на Австрија.
Во текот на третото квалификациско коло, британскиот возач изгуби контрола над автомобилот и удри во заштитната шина.
https://twitter.com/F1RaceyVideo/status/1545437409499910144
За среќа, ударот не беше премногу силен. Заштитите си ја завршија работата и Хамилтон мина без посериозни последици.
Потврдено е дека Британецот е совршено добро и ќе си го најде своето место во утрешниот дел од програмата.
Hamilton is out of the car after going into the barriers at Turn 7#AustrianGP #F1 pic.twitter.com/Xx8Yo3IG2f
— Formula 1 (@F1) July 8, 2022
Квалификациите беа накратко прекинати поради црвеното знаме, но наскоро ќе продолжат, секако без Хамилтон, кој го заврши настапот.
Утре има спринт во Австрија, а во недела се трки.