Далас го совлада Сакраменто со 105:99, но вечерта ја одбележа неверојатниот Лука Дончиќ. Словенецот имаше дабл-дабл учинок од 23 поени, 10 асистенции и осум скокови. Сепак, она што се зборува е неговата тројка постигната во последниот период од играта при резултат 92:89 во корист на Далас, која беше речиси од половина терен.