Во судиското надополнување на „Ел Класико“, Лука Модриќ покажа зошто некогаш бил прогласен за најдобар играч на светот.
Со неколку одлични потези, хрватскиот играч за врска ја „сруши“ одбраната на Барселона и ја испрати топката во мрежата за конечни 1:3.
Сепак, десет минути порано, Модриќ направи благо речено чуден потег.
Имено, Модриќ беше нападнат од неколку играчи на Барселона, а тој ја додаде топката до Родриго, кој стоеше покрај аут линијата и се подготвуваше да влезе во игра.
Calma, todavía estoy fuera papa! @lukamodric10 😂😂😂 pic.twitter.com/pbhBz4UiEj
— Rodrygo Goes (@RodrygoGoes) October 24, 2020
После тоа, Модриќ и Родриго се пошегуваа на социјалните мрежи. Бразилецот рече дека се уште е надвор од теренот, а Хрватот одговори дека требало да ја врати топката.