ФУДБАЛ

ВИДЕО: Маестро Модриќ синоќа го воодушеви светот уште еднаш

Хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ, покажа дека е веројатно еден од најдобрите играчи на светот.

Лука повторно одигра одлична сезона во која ја освои шпанската титула со Реал, а во синоќешниот натпревар против Виљареал играше маестрално.

Еден од неговите потези заврши на Интернет, а тоа е тој од 18-та минута кога го надмудри гостинскиот играч од средниот ред Замбу Ангуис.

Патем, Лука покрај неколку одлични потези беше и асистент за првиот гол на Реал, па можеме да кажеме дека тој даде голем придонес во мечот во кој „кралевите“ математички го обезбедија тронот.

Најдобриот играч на светот за 2018 година, во целата сезона, која сè уште не заврши, одигра 39 натпревари, постигна пет гола и додаде осум асистенции.

Потегот на Лука против Виљареал може да го гледате во видеото (од 1:23).

https://www.youtube.com/watch?v=INuYfryVr9I