Синоќа се одиграа натпреварите од првото коло од новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Освен тоа што Вардар загуби од Мешков Брест, за нас интересна беше и пресметката помеѓу Веспрем и Нант. За Веспрем игра Дејан Манасков, додека за францускиот тим нашиот најдобар ракометар. Славеше тимот на Манасков со 28:24, а посебно убав погодок постигна македонскиот репрезентативец во дресот на Веспрем, гол кој сигурно ќе биде во конкуренција за најдобар во првото коло. Што се однесува до учиникот Манасков, но и Кире постигнаа по пет погодоци на овој меч.