Норвешкиот интернационалец Мартин Одегард постигна прекрасен гол за Арсенал.
„Топџиите“ се далеку под очекувањата оваа сезона, но на тежок натпревар на гости против Барнли имаат 1: 0 и се надеваат на нова победа на крајот.
Одегард постигна гол во 30. минута од слободен удар и покажа дека ќе биде вистинското засилување за лондонскиот клуб во наредните сезони.
Арсенал ја отвори сезоната со три порази по ред, потоа го совлада Норвич со голот на Обамејанг од 1-0, а екипата на Микел Артета сака денес да триумфира и целосно да „се врати во живот“.