Македонската репрезентација неславно го заврши настапот на Европското превенство, Македонија денеска загуби од Холандија со 3:0.
Макдонија го одигра најдобриот натпревар од досегашните три натпревари кои ги имавме, но ВАР технологијата беше на страната на Холандија во Амстердам. Дека бевме оштетени потврдуваат уште неколку наши судии кои се јавија со коментар.
Иван Тричковски во 10. минута постига одличен гол но судијата го поништи голот поради офсајд. Снимките покажуваа дека милиметри беа во прашање.

Во 25. минута Дониел Мален ја испрати топката, а Мемфис Делај ја прифати во казнениот простор,по што брзо ја исипрати во долниот лев агол. Нашиот голман не беше во можност да ја одбрани. 0:1 беше натпреварот.
https://streamable.com/jovv9o
Тука Македонија беше оштетена. Бидејќи ова беше чист фаул, но изгледа ВАР технологијата во АМстердам е сојузник со Холандија.
Пред истекот на полувремето Димитриевски му одбрани зицер на Думфрис.
Две минути по почетокот на второто полувреме, следуваше одлична акција за Македонија, Алоски нафрли но немаше играчи на Македонија во шеснаесетникот.
Само три минути по одличната акција на Македонија следуваше и втор гол за Холандија, по одличната асистенција на Депај, Вајналдум постигна гол.
https://streamable.com/fvtvtj
Разиграните фудбалери на Холандија не запреа со голови, а Вајналдум го постигна неговиот втор гол на натпреварот во 58. минута, а асистент повторно беше одличниот Мемфис Депај.
Во 61. минута Елиф Елмас скокна најмногу до центаршутот од корнер и шутираше со глава, но топката отиде лево од голот.
Холанѓаните продолжија со одличната игра, па следуваа неколку опасни напади кон голот на Македонија први Вајналдум во 61. минута не беше прецизен по центаршутот, во 67. минута Вит Вегорстдоби прецизно додавање во казнениот простор и шутираше веднаш. Тој немаше среќа бидејќи неговиот проектил ја погоди рамката на голот. Можеше да биде убав погодок.
Најемотивниот момент на натпреварот го видовме во 69. минута кога Горан Панев го напушти теренот, а на негово моесто во игра влезе Костадинов.
Македонија успеа да ја затресе мрежата на Холандија, во 72. минута Чурлинов излезе сам пред голманот и постигна гол, но помошниот судија го крена знаменцето и досуди офсајд, по што следуваше поништување на голот.
Во 82. минута од натпреварот имавме шанса да постигнеме гол од корнер, но Велковски не успеа да ја зафати нафрлената топка.
На само минута пред крајот на регуларните минути, Холандија имаше сериозна шанса за четвртиот гол но не усеа да го постигне, веднаш потоа Елмас изнуде корнер за Македонија, по што следуваше пркршок над Алиоски но бевме далеку од постигнување гол.
Овој натпревар на Македонија беше последен за овогодинешното издание на ЕУРО, иако не успеавме да освоим бод, горди сме со историскиот настап на ЕУРО.