ФУДБАЛ

ВИДЕО: Македонија со победа ги започна квалификациите за ЕУРО 2020

Во првото коло од квалификациите за Европско првенство 2020 нашата репрезентација на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Летонија.

Со почеток во 20:45 Македонија ги започна квалификациите за ЕУРО 2020.

Пред околи шест илјади гледачи, Македонија по првото полувреме го оправда статусот на фаворит за овој натпревар.

По само 11. минути игра Алиоски успеа да постигне гол за водство од 1:0.

Нашата репрезентација продолжи со доминацијата на теренот и во 29. минута Елмас успеа да постигне прекрасен гол за зголемување на водството.

До крајот на првото полувреме Македонија успеа да стегне до уште неколку опасни ситуации но не постигна гол.

Во второто полувреме Македонија продолжи со доминацијата и одличната игра, но Летонија покажа подобра игра отколку во првото полувреме, и успеа да постигне гол.

Во 88. минута Исајевс успеа да постигне гол и да го намали водството на 2:1.

На самиот крај од натпреварот во 93. минута Елмас постигна уште еден гол за убедлива победа од 3:1.

Со оваа победа Македонија со три поени се наоѓа на првото место на табелата во Групата Г.

Второто коло кое е закажано за 24.03.2019 во 20:45, Македонија ќе гостува кај Словенија, која вечерва одигра нерешено гостувајки кај Израел.

ПОВРЗАНО

Елиф ЕлмасЕзѓан Алиоски