Шведскиот тим Хелсинборг соопшти дека потпишал двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи, односно до 2022 година.
Договорот на дефанзивецот со Шкендија му истече на крајот од 2019-та година, па како слободен фудбалер се сели во шведската лига.
Бејтулаи кариерата ја започна во Тетекс, па продолжи во Шкендија, а за националниот тим на Македонија дебитираше во 2018-та година.