Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Дијего Армандо марадона за својот 58 роденден доби статуа во Буенос Аирес.
Статуата во чест на славниот фудбалер е подигната во областа Ла патернал во Буенос Аирес од каде потекнува ,,Аргентинос Јуниорс” , клубот каде марадона почна да игра професионален фудбал во 1976 година.
,,Скулптури обично се прават во чест на мртвите , а Дијего е жив. направивме статуа сега , за додека е жив Марадона да знае дека овој дел од градот засекогаш ќе го памети. Знаеме дека ќе дојде за да ја види и затоа сме многу среќни .” , изјави Алберто Перес , директор на Комисијата за историски истражувања во Ла Патернел.
https://youtu.be/91Qtyt90IBI