Легендарниот Диего Марадона повторно се најде во центарот на вниманието откако на интернет се појави видео од соблекувалната на мексиканскиот клуб Дорадос кој е предводен од аргентинскиот стратег.
Имено, Марадона неодамна го презеде мексиканскиот второлигаш и го привлече вниманието на спортската јавност кон овој клуб. Дорадос преку ноќ стана центар на мексиканската јавност, а наводно Марадона секој пат има нешто ново да понуди.
Дорадос овој викенд запиша нова нова победа од 2:0, а по натпреварот настана права лудница во соблекувалната на овој клуб. Марадона беше во центарот на вниманието откако започна да танцува во соблекувалната, а набрзо му се придружиа и играчите на овој тим.
https://www.instagram.com/p/BoX4DpbBVEu/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again