ФУДБАЛ

ВИДЕО: Марек Хамшик претставен во новиот клуб, претседателот му нареди да купи 5.000 дресови од него

Марек Хамшик настапи на Европското првенство во дресот на Словачка, кој го заврши натпреварувањето во групната фаза.

Неколку дена откако заврши турнирот за него, Хамшик го реализираше трансферот, а кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Нова дестинација за искусниот  играч за врска е Трабзонспор. Клубот од бреговите на Црното Море официјално го потврди трансферот преку социјалните мрежи.

“Навистина сум среќен што сум тука. Ова е вистинското место за мене. Сега можам да се фокусирам на новата сезона по ЕУРО. Сè се случи брзо, сè беше чисто како што сакав да биде”, изјави Словак.

“Веднаш видов каква страст владее тука исто како во Наполи. Тоа е она што би требало да биде фудбалот, нема ништо поубаво од изненадувачкиот аплауз на навивачите”.

https://twitter.com/i/status/1409844103362269194

Инаку, целта на Трабзонспор е да продаде 300.000 дресови од поранешниот играч на Наполи, а самиот Хамшик веднаш купи 5.000 на барање на претседателот на клубот Ахмет Агаоугл.

“Се надевам дека и нашите навивачи ќе придонесат за достигнување на оваа бројка. Јас сум многу горд што можам да ја поддржам оваа идеја и да ги гледам навивачите како шетаат по улиците со мојот дрес”, рече 33-годишникот.

Хамшик во Трабзонспор доаѓа од Гетеборг, Шведска, а пред тоа имаше епизода во кинескиот ДЛ про.

Љубителите на фудбалот го паметат по неговите одлични настапи во дресот на Наполи, чиј дрес го носеше 12 години во периодот од 2007 до 2019 година и стана икона на клубот од југот на Италија.

Искуството на Хамшик сигурно ќе биде од голема корист за Трабзонспор, а споменатиот фудбалер одигра и 125 натпревари за репрезентацијата на Словачка и постигна 26 гола за националниот тим.