ФУДБАЛ

ВИДЕО: Мбапе е само трет напаѓач кој постигнал хет-трик на „Камп Ноу“, Барселона на колена

ПСЖ со голема победа се враќа од гостувањето на „Камп Ноу“. Славеше со 4:1 во првата пресметка со Барселона, па на реваншот ќе има далеку полесна задача, иако се разбира станува збор за Барса, па се уште ништо не е готово. Три гола постигна фантастичниот Килијан Мбапе кој е само трет напаѓач во историјата кој успеал да постигне хет-трик на „Камп Ноу“. Четвртиот гол беше дело на Кеан, а голот за Барса го постигна Лионел Меси, со кој домаќините поведоа.

Мбапе сега е во друштво со Андриј Шевченко како играч на Динамо Киев и Фаустино Асприља Њукасл кои успеале да постигнат хет-трик на Камп Ноу. Тој воедно е прогласен за играч на мечот. Реваншот се игра на 10-ти март.