Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер постојано им дава причини на навивачите на „црвените ѓаволи“ да не го ценат, а пред почетокот на првиот меч во новата сезона од англискиот шампионат направи уште еден „испад“.
Имено, дефанзивецот на домашниот тим ги „пореди“ соиграчите на погрешната страна од коридорот додека Давид де Хеа не му го привлече вниманието што точно треба да прави.
Англискиот репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед беше збунет, изгледаше како никогаш да не играл на „Олд Трафорд“, а потоа им порача на соиграчите да ги сменат позициите пред да излезат на теренот.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) August 8, 2022
„Црвените ѓаволи“ беа поразени од Брајтон со 2:1 во првото коло од Премиер лигата.