ФУДБАЛ

ВИДЕО: Меси имаше проблем од самото доаѓање во Мадрид и тоа јасно се гледа на видеото

Во неделното „Ел Класико“, Реал Мадрид ја совлада Барселона и седна на врвот на табелата по 26 кола.

Иако на Реал Мадрид не им се укажа голема шанса, сепак на крајот мадридскиот тим славеше со 2:0 со головите на Винисиус и Маријано Дијаз, па на 12 кола пред крајот титулата зависи од нивната судбина.

Реал има бод повеќе од Барселона, што е без гол на последните два „Ел Класика“, а по пристигнувањето во Мадрид беше јасно дека не беше нешто во ред со Лионел Меси.

Додека го напушташе клупскиот автобус, Аргентинецот малку се замара и јасно беше дека не е целосно здрав и спремен за овој натпревар, што на крајот се почувствува во конечниот резултат, како и во бледиот настап на најдобриот играч на светот.

Ова, се разбира, не треба да биде алиби за Каталонците да се поразат, но целосно подготвениот Меси е сепак далеку покорисен од оној кој има одредени физички проблеми.