Лионел Меси имаше емотивна прес конференција, последна во просториите на Барселона. Потоа се поздрави со фудбалерите, сега веќе негови поранешни соиграчи и со неговото семејство во автомобилот се упати кон својот дом. Сепак, му требаше повеќе време да го напушти „Камп Ноу“, бидејќи навивачите се собраа, му го попречија патот и го скандираа неговото име. Ова секако се емотивни и тешки моменти за Меси кој по 21 година заминува од Барселона.
? Messi leaving the Camp Nou. #FCB pic.twitter.com/SMCHZjJHBH
— Reshad Rahman (@ReshadRahman_) August 8, 2021