ФУДБАЛ

ВИДЕО: Меси пристигна, неговата сопруга го засени!

Лионел Меси е главниот кандидат за освојување на Златната топка.

Во Париз започна церемонијата за доделување на наградите за најдобар играч во светот по избор на Франс Фудбал.

Некои од главните кандидати се појавија на црвениот тепих, но секако најголемо внимание привлече Лионел Меси.

Меси, кој е блиску до освојување на седмата Златна топка, пристигна во друштво на сопругата Антонела Рокузо и тебе со неговите синови.

Аргентинецот се одлучи за костим со светки, а идентичен стајлинг имаа и неговите синови Матео, Тиаго и Чиро.

Треба да се напомене и дека Антонела изгледаше навистина импресивно и може да се каже дека го засени својот сопруг.