ФУДБАЛ

ВИДЕО: Меси започна препознатлив чекор напред, а потоа се појави Рамос!

Серхио Рамос се врати од повреда и играше во стартната постава на Реал во дуелот со Барселона.

А, натпреварот на Камп Ноу покажа дека Реал со Рамос и без него дефинитивно не е ист тим. Искусниот стопер повторно беше еден од главните актери на натпреварот.

Рамос успеа да погоди од белата точка, што и самиот го доби, а во последните минути покажа дека има одлични одбранбени квалитети.

Откако Лука Модриќ погоди за 1: 3, Лионел Меси го започна својот препознатлив продор кон противничкиот гол, но Рамос го чекаше и ја презеде топката со совршен старт.

Меси остана да лежи на теренот, но главниот судија на натпреварот само ја сврте главата и играта продолжи.