ФУДБАЛ

ВИДЕО: Милан ја „згази“ Рома, Ибрахимовиќ не реализираше пенал!

Милан со убедливи 3:1 ја совлада Рома и ја намали бодовната разлика во однос на Интер на само еден бод со тоа што лидерот на табелата има натпревар помалку, оној против Болоња кој денеска не се одигра поради голем број заразени фудбалери со коронавирус во екипата на Синиша Михајловиќ.

Жиру во 8-ма и Месиас во 17-та му донесоа комотно водство на Милан. Рома преку Абрахам во 40-та минута ја врати неизвесноста. Сепак, таа траеше до 82-та минута кога Леао погоди за 3:1. Во судиското продолжение Златан Ибрахимовиќ не реализираше пенал, а Рома го заврши мечот со двајца играчи помалку откако поради втор жолт картон исклучен беше Карсдорп во 74-та минута, а во судиското продолжение Мансини доби директен црвен картон.