Екипата на Милан која во текот на оваа сезона, практично до вториот дел беше лидер, сега грчевито се бори да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Вечерва славеше со 2:0 против Беневенто и барем до утре ќе биде на второто место на табелата, додека своите мечеви не ги одиграат Аталанта, Наполи и Јувентус. До крајот има уште четири кола па Милан на секој меч мора да се бори за бодови со цел да обезбеди ЛШ следната сезона. Головите против Беневенто ги постигнаа Чалханоглу и Тео Хернандес.
Standings provided by SofaScore LiveScore