Египетскиот фудбалер Мохамед Салах, ни крив ни должен се најде во центарот на вниманието по натпреварот на Ливерпул со ПСЖ.
Редсите го постигнаа победничкиот гол во судиското надополнување, а во текот на ТВ преносот можевме да видиме дека Салах „не се радува“ на голот на својот соиграч Фирмино.
Меѓутоа, и снимката знае да не излаже затоа што камерите не го прикажаа деталот кога Салах ги дигна рацете во воздух по голот на Фирмино, а фрлањето на шишето следуваше неколку секунди подоцна.
Многумина едвај чекаа за по Салах да фрлаат „дрва и камења“, но следниот пат сигурно дека два пати ќе размислат.
https://twitter.com/_RoarOfTheKop_/status/1042175470748553222