Голманот на Еурофарм Работник, Никола Митревски се најде на првото место на листата најдобри одбрани во последното коло од ЛШ. Неговиот тим загуби со минимални 26:25 на гостувањето кај Бидасоа Ирун, но Митревски имаше добра вечер на голот, а особено се истакна со одбраната во 22.минута во вториот дел, која му донесе прво место на листата топ 5 одбрани.
Еурофарм Работник од три меча има три порази во Лигата на шампионите.
Одбраната на Митревски можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.