Моделот и водителка од Венецуела, Алехандра Мендез преку ноќ стекна глобална слава, откако во емисија во својата земја ги објави аудио записите и пораките на „WhatsApp“ кои ги разменила со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо.
Се работи за постари разговори, па и по некое селфи. Контактот го оствариле преку социјалните мрежи, а откриени се и некои вулгарни и интимни разговори. Највпечатлива е пораката на Роналдо во која напишал: „Ќе ти го каснам задникот…“, порака која го обиколи светот.

Видео запис од гостувањето на Алехандра во ТВ емисијата:
Пораките на Роналдо и Алехандра:

Роналдо уште не се огласил, ниту потврдил, ниту негирал, а нема ни потврда во кој период Алехандра и Кристијано комуницирале.
Највпечатливите фотографии на Алехандра Мендез на социјалните мрежи:

















