Репрезентацијата на Египет вечерва по пенал серијата ја совлада селекцијата на Брегот на Слоновата Коска во осминафиналето на Африканскиот Куп на нации. Во регуларниот дел, но и во двете продолженија по 15 минути, двете селекции има свои шанси, но мрежите мируваа. Во пенал серијата кај Египет сите погодија, а кај Брегот на Слоновата Коска не реализираше само Биали. Последен кај Египет во серијата беше Мохамед Салах кој го потврди пласманот во четвртфиналето каде ќе играат против Мароко.