Македонија вечерва во рамките на квалификациите за пласман на СП игра против силната Германија. Германците се лидери во групата со 18 бодови, а Македонија е втора со 12. До крајот на квалификациите остануваат уште три меча заедно со вечерашниот против Германија, после следуваат Ерменија и Исланд. Секако секој бод ќе ни биде важен за освојување на второто место, со оглед на тоа дека Германија е веќе далеку на лидерската позиција. Па, затоа и вечерва се надеваме на ново изненадување како на првиот меч во Дуизбург кога го шокиравме светот и славевме со 2:1 што беше прв пораз на Германија на домашен терен во квалификации за СП во последните 20 години.
Момци, израдувајте ја нацијата уште еднаш на овој голем празник, 11 Октомври.