ФУДБАЛ

ВИДЕО: Мурињо ги загуби нервите и за време на натпреварот втрча во теренот за да се пресмета со играчите

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо се најде во центарот на вниманието по пријателскиот натпревар помеѓу Рома и Сандерленд.

 

Вучица го одигра првиот подготвителен натпревар пред новата сезона, а противник беше англиски Сандерленд. На крајот Рома победи со 2:0, со головите на Феликс Афена-Гјан и Николо Заниоло.

Сепак, детаљот кој ја одбележа оваа игра се случи на крајот од првото полувреме, а Мурињо беше во центарот на вниманието.

 

Имено, во една акција Лук О’Нјен жестоко го фаулираше дефанзивецот на римскиот клуб, Роџер Ибанез, што навистина ги налути Мурињо и неговите помошници, кои потоа истрчаа на теренот.

 

Мурињо прво отиде да види дали Ибанез е тешко повреден, а потоа побара од судијата да го исклучи О’Нјен од оваа игра бидејќи ваквите фаули се недозволиви на пријателски натпревари.

https://twitter.com/JmshowFRAN/status/1547189886536540161?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1547189886536540161%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fjose-mourinho-roma-sunderland-okrsaj-crveni-karton-sudija%2F429789

Сепак, фудбалерот на Сандерленд доби само жолт картон, но на полувремето остана во соблекувалната бидејќи тренерот на англискиот клуб реши да го извади од игра.