Жозе Мурињо во следната сезона ќе ја предводи Рома. Се очекува Португалецот да го препороди тимот од Рим и конечно да направи состав кој постојано ќе биде конкурентен за највисок пласман, па и за трката за титулата.
Но, на пријателскиот меч со Реал Бетис, Рома не помина добро. Загуби со 5:2, тројца играчи добија црвен картон, а поради бурните реакции исклучен беше и Мурињо. Сето тоа започна кога фудбалер на Бетис постигна гол за 3:2, а фудбалерите на Рома бурно реагираа дека се послужил со раката.
Каква само сезона не очекува во Италија.