На денешен ден пред 27 години, репрезентацијата на Македонија го одигра првиот меѓународен натпревар на гостување во Крањ против Словенија. Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски славеше убедлив триумф од 4:1. Македонија настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.
Првиот гол за нашиот репрезентативен тим го постигна Зоран Бошковски – Чоко во 5. Минутаа, а стрелци за Македонија беа уште и Панчев и Јаневски, а од пенал и Драган Канатларовски.