Бесарт Ибраими е херојот на тетовскиот тим Шкендија. Тој уште во втората минута постигна фантастичен погодок на гостувањето кај Ботошани, на кој можат да позавидат и најголемите светски напаѓачи. Голот навистина беше прекрасен, а победата уште послатка бидејќи ги чека меч со Тотенхем и Жозе Мурињо во Скопје за седум дена.