ФУДБАЛ

ВИДЕО: На Јурген Клоп за поразот му е виновен стадионот на Реал Мадрид-На реваншот барем ќе имаме вистински стадион

Ливерпул доживеа пораз од 3:1 на првиот меч од четвртфиналната пресметка со Реал мадрид. Како што е познато со оглед на тоа дека „Сантијаго Бернабеу“ се реновира, Реал Мадрид мечевите ги игра веќе една година на стадионот во тренинг центарот „Алфредо ди Стефано“. Ова му пречело и на тренерот на Ливерпул Јурген Клоп.

-Беше многу чудно да се игра на овој стадион. На „Енфилд“ барем ќе имаме вистински стадион и тоа сигурно ќе биде добро за нас, изјави меѓуостанатото Клоп.