ФУДБАЛ

ВИДЕО: На Клоп му беа смешни маичките на Алиоски и Лидс, но не се смееше по конечниот резултат на мечот

Џани Алиоски, кој одигра речиси 80-тина минути и неговиот Лидс продолжуваат со добрите партии. На петиот меч во низа немаат пораз, овој пат против актуелниот првак Ливерпул на домашен терен. „Црвените водеа“ со голот на Мане во 31-та минута, но сепак Ливерпул остана без победа благодарејќи на голот Диего Љоренте во 87-ма минута. Ливерпул со овој бод остана на шестото место со 53 бодови, а Лидс е 10-ти со 46 бодови.

Интересен момент пред мечот имаше кога фудбалерите на Лидс носеа маички со кои јасно покажаа дека се против Суперлигата и дека се за сегашната Лига на шампиони. На Јурген Клоп ова му беше смешно.

-Имаше такви маички и во нашата соблекувална. Нормално дека не ги облековме, никој не треба да не потсетува дека треба да заслужиме место во ЛШ. Потегот на Лидс беше смешен, изјави Клоп.

ПОВРЗАНО

Лига на шампиониЕзѓан Алиоски