Американската компанија „Најк“ ја претстави топката „Flight“ која привлече големо внимание ширум светот. Таа на прв поглед не наликува на топките на кои сме навикнати, а причината дека има вдлабнати линии поради практична природа.
-Во текот на изминатите осум години во дизајнот на оваа топка е вложено 1700 работни часови. Повеќе од 800 фудбалери и фудбалерки ја тестираа, а направивме само 68 мали промени во текот на процесот, во кој беше вклучена и роботска нога, велат од „Најк“ од каде додаваат:
-Оваа топка ќе го смени фудбалот. Движењето е за 30 проценти поточно и подобра е од сите со кои досега се играше, велат од компанијата.
Дали навистина ќе го промени фудбалот, останува да се види, бидејќи од следната сзона ќе се користи во Премиер лигата и Италијанската Серие А.