Екипата на Аталанта, која одигра фантастични три кола претходно, доста ефикасно, на гостувањето во Неапол доживеа тежок пораз. Наполи, без Елиф Елмас во составот кој е во изолација, славеше со 4:1.
Наполитанците работата ја завршија во првиот дел кога постигнаа четири голови, а стрелци беа Лозано (2), Наполитано и Осимех. Единствениот гол за Аталанта беше дело на Ламерс.