ФУДБАЛ

ВИДЕО: Наполи го доживеа едно од најголемите понижувања и тоа на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Наполи се одлучи да одигра пријателска средба во паузата за репрезентативните обврски, па го доживеа едно од најголемите понижувања во историјата. Имено, на својот стадион се поразени од второлигашот Беневенто со убедливи 5:1.

Иако немаше неколку репрезентативци, меѓу кои и нашиот Елиф Елмас, сепак и тимот кој настапи не смееше да дозболи ваква катастрофа. За Наполи играа Мафрела, Малкуит, Манола, Жезус, Заноли, Фабиан Руиз, Марио Руи, Политано, Оунас, Лозано и Петања.

 

ПОВРЗАНО

Елиф Елмас