ФУДБАЛ

ВИДЕО: Навивач на ПСЖ го запали турското знаме, навивачите на Галатасарај го соблекоа до гола кожа среде Париз!

На натпреварот од 6. коло во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Галатасарај му претходеа навивачки немири на улиците на Париз.

Немирите започнаа околу 18 часот низ улиците на француската престолнина, а навивачите на двата клуба фрлаа со столови и тврди предмети за време на судирот.

Околу 100 навивачи учествуваа во пресметката, „Ле Парисиен“ известува дека едно лице се здобило со повреди на главата.

Фотографиите и видеата на навивач на ПСЖ соблечен до гола кожа од страна на навивачите на Галатасарај откако го запалил турско знаме, кружат на Интернет.

Според некои извештаи, токму навивачите на ПСЖ го иницирале нападот, но на крајот го извлекле подебелиот крај.

Ова беше прва средба помеѓу ПСЖ и Галатасарај на „Паркот на принцовите“ по 18 години. ПСЖ славеше со високи 5:0.

https://twitter.com/sinoreyiz/status/1204826653542748160

https://twitter.com/thecasualultra/status/1204819913367576577