ФУДБАЛ

ВИДЕО: Навивачите го исмеваат Тони Крос поради начинот на кој се обиде да го запре Меси

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос најде нов начин да го запре капитенот на Барселона, Лионел Меси.

Многумина имаат проблем како да го запрат Меси, а Крос најде нов начин – го соблече Аргентинецот.

Тоа се случи во средата вечерта за време на „Ел Класико“ на „Камп Ноу“, кога Германецот сакаше на секој начин да го заштити својот гол.

На крајот, се исплати затоа што Реал остана непоразен, и се гледаше како подобар од Барселона 90 минути.