Јувентус вчера официјално потврди дека Маурицио Сари е новиот тренер на овој клуб.
Сари потпиша тригодишен договор со „Старата дама“ и пристигна во клубот по сезоната во Челзи. Италијанскиот експерт имаше намера да остане во Лондонскиот клуб до крајот на договорот, но кога Јуве покажа интерес, тој не можеше да се спротивстави.
Јувентус и Сари брзо се согласија со условите за соработка, а вчера официјално беше потврдено. Сепак, доаѓањето на Сари не ги воодушеви навивачите на Јувентус.
Поточно, навивачите на Јувентус веднаш почнаа да го споделуваат видеото кое беше направено во 2018 година, додека Сари го предводеше Наполи. Пред натпреварот против Јувентус, додека автобусот на Наполи се движеше кон Алијанц Арената, помина низ група навивачи на Јувентус, а Сари им покажал среден прст.
Ова видео веднаш стана хит на социјалните мрежи, а многу фанови на „Старата дама“ рекоа дека не можат да му простат на Сари за овој потег и ги повикаа другите да го поздрават со исвиркување на првиот натпревар со Јувентус на домашниот стадион.
+++ #Sarri shows middle finger to #Juve fans as #Napoli team bus arrive at the Allianz Stadium +++#JuveNapoli
WATCH pic.twitter.com/1tV1TGuu8b
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) April 22, 2018