ФУДБАЛ

ВИДЕО: Навивачите на Манчестер Јунајтед во знак на револт го запалија американското знаме

Навивачите на Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден протестираа пред „Олд Трафорд“. Причина е Суперлигата, проект кој се чини пропадна, но фановите на овој клуб одамна се незадоволни од американските газди, односно смејеството Глејзер. Денеска на протестот во знак на револт дури го запалија и американското знаме. Инаку, семејството Глејзер 15-тина година раководи со Јунајтед.