Еден Азар денес беше официјално претставен како ново засилување на Реал Мадрид.
Азар потпиша договор со Кралскиот клуб во период од пет сезони и беше пречекан во кралското семејство на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Имаше над 50.000 навивачи на трибините, што не се случи откако Кристијано Роналдо дојде во 2009 година.
Азар беше воодушевен кога излезе на теренот, бидејќи не можеше да поверува колку навивачи го поздравија. Тој одлучи да ги поздрави, а тие имаа само едно барање до него.
Од трибините се слушаше Азар да го бакне грбот на Реал Мадрид, што веднаш го направи тоа. Неговиот сон беше да игра за Реал, а денеска го исполни.
😘 The #RMFans ask for @hazardeden10 to kiss the badge… AND HE DOES! #WelcomeHazard | #HalaMadrid pic.twitter.com/3ioqxJvTSm
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) June 13, 2019