Дербито меѓу Феенорд и Ајакс, иако официјално без навивачи, не започна баш така. Автобусот на гостинската екипа мораше да помине низ редот на домашните ултраси за да стигне до стадионот.
И тоа не заврши без инцидент, кој години наназад всушност стана фолклор пред средбите на двата тима.
https://twitter.com/i/status/1472543163130781700
„Полицијата растера група хулигани кои се собраа пред фудбалскиот натпревар меѓу големите ривали Феенорд и Ајакс. „Полицијата мораше да употреби водени топови, а ангажирана е и полиција на коњи“, пишуваат холандските медиуми.
https://twitter.com/i/status/1472559575647891460
„Кога автобусот на Ајакс пристигна на стадионот, беше нападнат со димни бомби, петарди и факели, а група од 100 до 150 луѓе фрлаше со факели и шишиња кон полицијата“ , се додаваат во некои извештаи.
Од Ајакс велат: „Топло добредојде“.
A warm welcome… 😉#Klassieker #feyaja pic.twitter.com/rg5NYZbTai
— AFC Ajax (@AFCAjax) December 19, 2021
Целиот стадион беше покриен со чад и пред почетокот на натпреварот, бидејќи пиротехниката беше однапред подготвена.