ФУДБАЛ

ВИДЕО: Навивачите во транс, Манчестер Јунајтед ќе игра Лига на шампиони, Мурињо треба да му се заблагодари на Челзи

Заврши сезоната во Аглија. Шампионот одамна беше познат, но не се знаеше кој ќе игра на европската фудбалска сцена, а кој ќе замине во понизок ранг.

По одигрувањето на последното коло, најголеми добитници се Манчестер Јунајтед и Челзи, кои ќе играат Лига на шампиони, а Лестер и Тотенхем ќе мора да се задоволат со Лига Европа.

Останува впечатокот дека Арсенал имаше уште една сезона под очекувањата.

Премиер лигата ја напуштаат Борнмаут, Шатфрод и Норич.

Манчестер Јунајтед во директна пресметка со Лестер обезбеди пласман во ЛШ откако како гости славеа со 2:0. Стрелци на головите беа Бруно Фернандеш од пенал во 71-та минута и Линград во осмата минута од судиското продолжение.

Пред рестартот на сезоната Јунајтед беше далеку од местото кое води во ЛШ, но сепак благодарејќи на одличните игри во рестартирањето, следната сезона ќе го гледаме славниот клуб во елитата. Откако се врати Премиер лигата по паузата поради коронавирусот, Јунајтед немаше ниту еден пораз. На вкупно 9 меча, забележа три нерешени и шест победи.

Иако имаше лоша сезона, сепак во Европа, поточно во Лига Европа ќе игра и Жозе Мурињо со неговиот Тотенхем.  „Петлите“ одиграа 1:1 на гостувањето кај Кристал Палас, но овој бод беше доволен за петтото место, бидејќи Челзи на домашен терен го совлада Вулверхемптон со 2:0. Тотенхем и Вулверхемптон имаат ист број бодови, но тимот на Мурињо ќе игра ЛЕ поради подобрата гол разлика.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛига на шампиониЛига Европа