Новак Ѓоковиќ беше безбеден денес на стартот на Ролан Гарос.
Новак го совлада Швеѓанецот Микаел Имер со 6:0, 6:2, 6:3, а во второто коло ќе игра против Беранкис.
Како што се очекуваше, лесна победа за првиот тенисер во светот, а за време на денешниот натпревар се виде урнебесна ситуација.
Еден од присутните навивачи во Париз го испровоцира Новак, и тој му испрати бакнеж откако освои бод.
Освен тоа, кога седна на клупата, Новак рече: „Ме најде да ме зае*аваш“.
https://twitter.com/i/status/1310972340860325888