Марсеј и ПСЖ ремизираа синоча (0:0) во големото дерби на француската Лига 1.
Жесток натпревар беше виден на Велодром, а интересна ситуација се случи во 73. минута од натпреварот.
ПСЖ тргна во напад, Меси се упати кон голот, а потоа на теренот се појави навивач.
Тој трчаше побрзо од некои играчи, а целта му беше секако Лионел Меси.
Навивачот успеа да го спречи опасниот напад на ПСЖ, а реагираше и обезбедувањето кое успеа да го спречи во евентуални нови акции на теренот.
Погледнете што се случи.
Фановите секако беа и главната приказна и синоќа. Фудбалерите на ПСЖ имаа огромни проблеми при изведувањето на корнер и беа погодени со разни предмети.
На „Велодром“ на крајот недостигаа само голови, а кој знае што ќе се случи, ги имаше.